Образец · Закон за облигационите односи; Закон за данок на личен доход; Закон за работните односи чл. 13 (разграничување од работен однос)

Договор за дело

Образец за договор за дело според Законот за облигационите односи: предмет, период на извршување, бруто надоместок со 10% данок, доверливост. Пополни и симни во Word. Користете го кога ангажирате физичко лице за определено дело или наменска услуга со ограничено траење (изработка на веб-страница, превод, поправка, одржување, стручна помош). Не го користете за постојана работа со работно време, подреденост и работа по распоред во ваши простории – тоа е работен однос и бара договор за вработување (ЗРО чл. 13).

Договор за дело

Бр. ________________________ (број на договорот)

Склучен на ден __.__.______ година во ________________________ (место на склучување), помеѓу:

1. ________________________ (назив на фирмата), со седиште на ________________________ (седиште на нарачателот), ЕМБС ________________________ (матичен број) и ЕДБ ________________________ (даночен број), застапувано од ________________________ (име и функција), во натамошниот текст како Нарачател

и

2. ________________________ (име и презиме), со живеалиште на ________________________ (адреса на изведувачот), ЕМБГ ________________________ (матичен број на граѓанинот), во натамошниот текст како Изведувач.

Член 1

Предмет на овој договор е уредување на односите помеѓу договорните страни во поглед на извршувањето на определено дело, односно давање на наменски услуги опишани во членот 3 од овој договор.

Член 2

Договорните страни взаемно потврдуваат дека:

  • Изведувачот е лице кое располага со потребните знаења и вештини во областа: ________________________ (област на знаења и вештини на изведувачот);
  • со овој договор не се заснова работен однос помеѓу договорните страни, а Изведувачот делото го извршува самостојно и не подлежи на работното време и работниот ред што важат за вработените кај Нарачателот.

Член 3

Изведувачот согласно овој договор, а пред сè согласно упатствата добиени од Нарачателот, ќе ги изврши следните работи: ______________________________________________ (работи што треба да се извршат)

Делото се извршува во периодот од __.__.______ година до __.__.______ година.

Член 4

Делото се извршува на начин, место и време утврдени со овој договор и со упатствата на Нарачателот, кога тоа одговара на природата на делото. Договорните страни се согласни дека обврските дефинирани како предмет на овој договор ќе ги извршуваат совесно, одговорно, квалитетно и согласно позитивните законски прописи, со обезбедување на сите услови кои се неопходни за извршување на работите.

Член 5

За делото од членот 3 на овој договор Нарачателот ќе му исплати на Изведувачот надоместок во бруто износ од ____________ (бруто, ден.) денари, на неговата трансакциска сметка бр. ________________________ (број на сметка) во ________________________ (назив на банката), по извршувањето, односно приемот на делото.

Данокот на личен доход по стапка од 10% го пресметува, задржува и уплатува Нарачателот како исплатувач на приходот, при што приходот го пријавува во Управата за јавни приходи преку електронската пресметка (е-ПДД). На надоместокот по договор за дело не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување.

Член 6

Изведувачот е должен да ги чува како тајна и нема да ги направи достапни на трети лица работите што ги извршува и информациите до кои има допир при извршувањето на обврските од овој договор, со кои се запознал од страна на Нарачателот, како за време на траењето на договорот, така и по неговиот престанок.

Член 7

Нарачателот е должен упатствата да ги дава благовремено, јасно и недвосмислено и на Изведувачот да му ги обезбеди податоците и материјалите потребни за извршување на делото.

Член 8

Договорните страни се согласни дека овој договор може да се раскине спогодбено, со склучување спогодба за раскинување. Секоја договорна страна може да го раскине договорот и со писмено известување до другата страна, ако другата страна не ги исполнува обврските преземени со овој договор.

Член 9

За сè што не е регулирано со овој договор важат одредбите од Законот за облигационите односи. Во случај на спор договорните страни ќе се обидат истиот да го решат спогодбено, а доколку тоа не е можно, надлежен е стварно и месно надлежниот суд според седиштето на Нарачателот.

Член 10

Договорот е составен во два (2) еднообразни примероци, по еден за секоја договорна страна, и стапува во сила со денот на потпишувањето.

Нарачател:
________________________ (назив на фирмата)

_______________________________
________________________ (име и функција)
М.П.

Изведувач:

_______________________________
________________________ (име и презиме)

Пред потпишување

Проверете го ова.

  • Предметот е конкретно дело или наменска услуга со ограничено траење, а не постојано „вршење работи“ без крај.
  • Нема одредби за работно време, работно место, подреденост или континуирана работа – инаку според ЗРО чл. 13 инспекторатот може да го третира како прикриен работен однос, да наложи вработување и да казни.
  • Надоместокот е наведен во бруто; исплатувачот задржува 10% данок на личен доход и го пријавува преку е-ПДД, без придонеси.
  • Периодот на извршување и начинот на предавање и прием на делото се јасни.
  • Уредена е обврската за доверливост и начинот на раскинување.
  • Внесени се ЕМБС и ЕДБ на нарачателот, ЕМБГ и трансакциска сметка на изведувачот – потребни за исплата и пријава на приходот.
  • Договорот е потпишан пред почетокот на работата, во два примероци.
Референца

Кога се користи и по кој закон.

Правна основаЗакон за облигационите односи; Закон за данок на личен доход; Закон за работните односи чл. 13 (разграничување од работен однос)
КогаКористете го кога ангажирате физичко лице за определено дело или наменска услуга со ограничено траење (изработка на веб-страница, превод, поправка, одржување, стручна помош). Не го користете за постојана работа со работно време, подреденост и работа по распоред во ваши простории – тоа е работен однос и бара договор за вработување (ЗРО чл. 13).
Луѓето бараатдоговор за дело пример · договор за дело образец · договор за дело word · договор за дело данок · договор на дело пример · хонорарен договор образец
Датотекиdogovor-za-delo.pdf · dogovor-za-delo.docx

Ажурирано: 2026-09-09

Најчесто поставувани прашања

Договор за дело: прашања.

Колку данок се плаќа на договор за дело?

Данок на личен доход 10% на бруто износот, кој го задржува и уплатува исплатувачот. Придонеси за социјално осигурување не се плаќаат. На 30.000 ден. бруто данокот е 3.000 ден., а изведувачот добива 27.000 ден.

Може ли договор за дело наместо договор за вработување?

Не. Ако лицето работи со работно време, по распоред и во просториите на нарачателот како вработен, тоа е работен однос според ЗРО чл. 13 и Државниот инспекторат за труд може да наложи вработување и да изрече казна.

Дали договорот за дело мора да биде писмен?

ЗОО не бара задолжителна писмена форма, но писмениот договор е неопходен за пријава на приходот во УЈП, како доказ за договореното и како одбрана од прикриен работен однос.

Смее ли нарачателот да дава упатства на изведувачот?

Да, во однос на тоа што и како треба да се изработи, кога тоа одговара на природата на делото. Не смее да го распоредува изведувачот по работно време и работен ред како вработен – тоа се обележја на работен однос.

Merot HRS

Пресметајте ја целата фирма, не само еден случај.

Отсуства, боледувања, регрес, минат труд и додатоци влегуваат во истата платна листа, со МПИН за УЈП и платни листови по е-пошта. Пробен период од 30 дена.

Започнете пробен периодПовеќе за Merot HRS