Merot · Софтвер по мерка

Софтвер по мерка,
граден околу
вашите процеси

Го градиме софтверот што не можете да го купите готов — ERP системи, интерни алатки, веб и мобилни апликации и интеграции со УЈП, е-Фактура и банки. Истиот тим и истата продукциска дисциплина со кои ги изградивме ESI и Василеви.

Тим во Скопје. Фиксен опсег и цена по фаза. Одговор во рок од еден работен ден.

Во продукцијасопствени и клиентски системи секој ден
MK · SQ · ENработиме на три јазици
Фиксен опсегцена по фаза, договорена однапред
ЕУ или МКхостинг на AWS Франкфурт или во Македонија
Што градиме

Системи што ги нема на полица.

Од ERP и интерни алатки до веб и мобилни апликации и интеграции — изградени според вашите процеси и според македонската регулатива.

ERP и деловни системи

  • Книговодство, фактури, залихи и извештаи според вашите процеси
  • Работни текови со одобрувања и улоги
  • Табли и извештаи во реално време

Интерни алатки и портали

  • Замена за табели во Excel и наследени апликации
  • Портали за клиенти и за вработени
  • Автоматизација на рачни процеси

Веб апликации

  • Апликации и портали со многу податоци
  • Backend и администрација
  • Пристап по улоги и ревизорска трага

Мобилни апликации

  • iOS и Android
  • Офлајн режим и синхронизација
  • Известувања, камера и скенирање

Интеграции и API

  • УЈП (МПИН, Е-ПДД), е-Фактура и ДДВ
  • Банки, платежни системи и ERP
  • Стабилни REST API и webhook-и со документација

AI во работни процеси

  • Автоматско обработување на документи и податоци
  • Помош при одлуки врз основа на вашите податоци
  • Вградено во постоечките текови, со мерливи резултати
Примери

Што сме изградиле.

Два системи што денес работат во продукција — на истиот начин на кој ќе го изградиме и вашиот.

ESI — Платформа за плати и HR

Веб-платформа за плати и човечки ресурси за организација со повеќе правни субјекти: пресметка на плати, автоматско генерирање на МПИН, генерирање документи по субјект и пристап по улоги и дозволи.

Плати и HR · повеќе правни субјекти

Василеви — Производство и испорака

Систем за нарачки, производство и испорака за фабрика за месо: прием на нарачки, планирање на производство, мерење преку USB/сериски мост до вагите и организација на испораката.

Производство · мерење · логистика

Како работиме

Од идеја до продукција, без изненадувања.

Фиксен опсег, демо на секои две недели и одржување со договорено време на одговор.

01 · прва неделаРазговор и опсегГи разбираме процесот, податоците и ограничувањата. Добивате писмен опсег, не претпоставки.
02 · понудаФиксен опсег, фиксна ценаПонуда по фази со рокови и што точно се испорачува во секоја. Без скриени часови.
03 · изградбаДвонеделни спринтовиДемо на секои две недели во тест-околина. Промените во опсегот се договараат, не се провлекуваат.
04 · продукцијаЛансирање и одржувањеПродукција на AWS во ЕУ или хостинг во Македонија, мониторинг, резервни копии и договор за одржување.
Зошто Merot

Зошто компаниите избираат Merot за софтвер по мерка.

Локално знаењеУЈП и МПИН, е-Фактура и ДДВ ги познаваме бидејќи ги градиме во сопствените производи.
Ние ги користимеПлати, фактури и договори во Merot се водат во Merot. Грешките ги забележуваме пред клиентите.
Фиксен опсегПонуда со фази, рокови и цена по фаза, договорена пред првиот ред код.
Демо на секои две неделиИзградба во двонеделни спринтови, со демо во тест-околина по секој спринт.
Директен контактРазговарате со инженерите што го градат системот, не со посредник.
Податоци во ЕУ или МКПродукција на AWS во Франкфурт или хостинг во Македонија, по ваш избор, со резервни копии и пристап по улоги.
Прашања

Најчести прашања

Каков софтвер гради Merot по мерка?
ERP и деловни системи, интерни алатки и портали, веб и мобилни апликации (iOS и Android), backend и API, интеграции со УЈП, е-Фактура и банки, и вградување на AI во работни процеси.
Колку чини и колку трае проект по мерка?
Секој проект почнува со анализа и писмен опсег, потоа понуда со фиксна цена по фаза. Цената и роковите зависат од опсегот и ги договараме однапред, пред изградбата.
Дали работите со постоечки системи?
Да. Правиме техничка ревизија, миграција од Excel и наследени апликации и интеграции со системите што веќе ги користите.
Каде се хостираат податоците?
На AWS во регионот Франкфурт (ЕУ) или во Македонија, по ваш избор, со енкриптиран пренос, дневни резервни копии и пристап по улоги.
На кои јазици работите?
На македонски, албански и англиски.

Опишете го вашиот проект

Кажете ни во неколку реченици што градите или кој процес сакате да го автоматизирате. Ќе одговориме во рок од еден работен ден со предлог за следен чекор и груб опсег.

Не споделуваме податоци со трети страни.