Образец · Закон за работните односи (чл. 13, 15, 28, 60, 88, 137–141); Општ колективен договор за приватниот сектор

Договор за вработување на неопределено време

Образец за договор за вработување на неопределено време со елементите по ЗРО чл. 28: работно место, работно време, плата, пробна работа, обврски, отказен рок. Word. Користете го за трајни работни места без ограничено траење – ова е основната форма на работен однос според ЗРО. Не го користете за привремена замена, сезонска или проектна работа (за нив постои договор на определено време) ниту за еднократна работа на надворешно лице (договор за дело).

Договор за вработување на неопределено време

Бр. ________________________ (број на договорот)

Врз основа на членовите 13, 15 и 28 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, со сите измени и дополнувања; во натамошниот текст: ЗРО) и колективниот договор што се применува кај работодавачот, договорните страни:

1. ________________________ (назив на фирмата), со седиште на ________________________ (седиште на работодавачот), ЕМБС ________________________ (матичен број), застапувано од ________________________ (име и функција), од една страна (во натамошниот текст: Работодавач)

и

2. ________________________ (име и презиме) од ________________________ (место на раѓање на работникот), со адреса на живеење ________________________ (адреса на живеење на работникот), ЕМБГ ________________________ (матичен број на граѓанинот), трансакциска сметка ________________________ (број на сметка), од друга страна (во натамошниот текст: Работник),

на ден __.__.______ година во ________________________ (место на склучување) го склучија следниов договор за вработување:

Член 1

Овој договор е основен документ со кој се уредуваат правата, обврските и одговорностите што произлегуваат од работниот однос помеѓу Работникот и Работодавачот, во духот на Законот за работните односи и колективниот договор што се применува кај Работодавачот.

Член 2

Работникот се вработува со полно работно време од 40 часа неделно, со дневно работно време од ________________________ (час) до ________________________ (час) часот, по правило на пет работни дена, со право на пауза, дневен и неделен одмор согласно ЗРО.

Договорот се склучува на неопределено време. Работникот стапува на работа на ден __.__.______ година; ако од оправдани причини не стапи на работа на тој ден, страните писмено се договараат за нов датум на стапување на работа.

Работникот се вработува на работното место ________________________ (назив), согласно актите на Работодавачот, со следниве работни обврски и задачи: ______________________________________________ (опис)

Работникот има право на годишен одмор во согласност со ЗРО и колективниот договор, кој го користи по писмено барање и врз основа на решение на Работодавачот. Работник без шест месеци непрекинато работење има право на сразмерен дел од годишниот одмор – два работни дена за секој месец работа.

Член 3

Пробна работа: ________________________ (траење или „не се договара“). Пробната работа, ако е договорена, не може да трае подолго од шест месеци (член 60 од ЗРО).

Основната (бруто) плата на Работникот за полно работно време изнесува ____________ (бруто, месечно, ден.) денари месечно и не може да биде пониска од минималната плата утврдена со Законот за минимална плата.

Пред стапувањето на работа Работодавачот го пријавува Работникот во задолжително социјално осигурување (образец М1) и му врачува примерок од пријавата (член 13 од ЗРО).

Член 4

Платата дефинирана во овој договор е основна плата за работното време од членот 2 и нејзината исплата следува при исполнување на севкупните работни обврски и без отсуства. Платата се исплатува еднаш месечно на трансакциската сметка на Работникот, со писмена пресметка; од бруто платата Работодавачот ги пресметува, задржува и уплатува придонесите од задолжително социјално осигурување и данокот на личен доход.

Месечната плата може да биде зголемена по основ на прекувремена работа, ноќна работа, работа во недела и на празник, додаток за работен стаж и друг законски основ, согласно ЗРО и колективниот договор. Основната плата може да биде намалена по основ на надомест на штета, парична казна, административна забрана или друг законски предвиден и допуштен основ.

Забелешки на висината на платата Работникот истакнува во писмена форма во рок од 8 дена по приемот на платата.

Член 5

Работникот ги прифаќа обврските што произлегуваат од ЗРО, другите прописи и актите на Работодавачот, вклучително и нивните идни измени, особено:

  • веднаш да го извести Работодавачот во случај на боледување или несреќа при работа;
  • да ги почитува актите, наредбите, упатствата и одлуките на Работодавачот и на претпоставените;
  • однапред да побара дозвола за секое планирано отсуство;
  • да не ги злоупотребува дадените овластувања;
  • да ги користи работните средства економично и наменски.

Член 6

Работникот се согласува да ги исполнува работните обврски лојално, со внимание на добар домаќин, особено:

  • професионално и коректно да соработува со своите соработници, колеги и подредени;
  • без писмено одобрение на Работодавачот да не склучува договори со трети лица за работен ангажман што одговара на описот на неговото работно место;
  • да не ги користи контактите со деловните партнери за сопствени потреби и интереси;
  • да не открива доверливи податоци и деловни тајни на Работодавачот на неовластени лица, и по престанокот на работниот однос;
  • да не дава изјави во медиумите поврзани со работењето на Работодавачот без негово одобрение.

Лојалната соработка подразбира активна заштита на интересите и угледот на Работодавачот, како и согласност за евентуална прераспределба на друго работно место согласно потребите на Работодавачот и ЗРО.

Член 7

Работодавачот може да го откаже овој договор по сите основи за отказ предвидени во ЗРО, вклучувајќи кршење на работниот ред и дисциплина и/или работните обврски.

Член 8

Работниот однос престанува со спогодба на договорните страни, со отказ или на друг начин утврден со закон. Отказниот рок изнесува еден месец, односно два месеци во случаите утврдени со членот 88 од ЗРО. Отказот се дава писмено, со образложение и поука за правна заштита; при отказ од деловни причини Работникот има право на испратнина согласно ЗРО.

Член 9

Договорот се менува само со анекс во писмена форма потпишан од двете договорни страни.

Член 10

За обработката и заштитата на личните податоци од работниот однос се применуваат внатрешните акти на Работодавачот за технички и организациски мерки и законот со кој се уредува заштитата на личните податоци.

Член 11

Работникот потврдува дека податоците од воведот на овој договор се точни и е должен без одлагање да го извести Работодавачот за промена на личен, адресен или контакт податок (телефон, електронска пошта). Известувањата од Работодавачот испратени на нив се сметаат за уредно доставени.

Член 12

Секое барање поврзано со работниот однос Работникот најнапред го упатува до Работодавачот, за да Работодавачот му одговори и евентуално го исполни.

Член 13

Споровите договорните страни ги решаваат спогодбено и во духот на добрите односи, а ако тоа не е можно, надлежен е судот определен со закон.

Член 14

Договорот е составен во три (3) истоветни примероци, еден за Работникот и два за Работодавачот; примерок му се врачува на Работникот на денот на потпишувањето. За сè што не е уредено со овој договор се применуваат ЗРО, колективниот договор и актите на Работодавачот.

Работник:

_______________________________
________________________ (име и презиме)

За Работодавачот:
________________________ (назив на фирмата)

_______________________________
________________________ (име и функција)
М.П.

Договор за вработување на неопределено времеPDF · A4
Пред потпишување

Проверете го ова.

  • Договорот е потпишан пред првиот работен ден, а работникот е пријавен во АВРСМ (М1) пред отпочнување со работа (ЗРО чл. 13).
  • Наведени се сите задолжителни елементи од ЗРО чл. 28: страни, датум на почеток, работно место и опис на работата, место на работа, работно време, плата, одмор.
  • Бруто платата не е пониска од минималната плата (38.507 ден. од платата за март 2026).
  • Пробната работа, ако е договорена, не е подолга од шест месеци (ЗРО чл. 60).
  • Годишниот одмор е најмалку 20 работни дена, а работното време 40 часа неделно.
  • Отказните рокови не се пократки од законските (еден месец за работникот, еден односно два месеци за работодавачот – ЗРО чл. 88).
  • Проверете дали колективниот договор на ниво на дејност дава поповолни услови – тие имаат предност пред договорот.
Референца

Кога се користи и по кој закон.

Правна основаЗакон за работните односи (чл. 13, 15, 28, 60, 88, 137–141); Општ колективен договор за приватниот сектор
КогаКористете го за трајни работни места без ограничено траење – ова е основната форма на работен однос според ЗРО. Не го користете за привремена замена, сезонска или проектна работа (за нив постои договор на определено време) ниту за еднократна работа на надворешно лице (договор за дело).
Луѓето бараатдоговор за вработување на неопределено време пример · договор за вработување образец · договор за вработување неопределено време word · договор за работа образец · договор за вработување 2026 · елементи на договор за вработување
Датотекиdogovor-za-vrabotuvanje-neopredeleno.pdf · dogovor-za-vrabotuvanje-neopredeleno.docx

Ажурирано: 2026-09-09

Најчесто поставувани прашања

Договор за вработување на неопределено време: прашања.

Кој отказен рок важи за договор на неопределено време?

Ако работникот дава отказ – еден месец (со договор може да се договори подолг рок, но не подолг од три месеци). Ако работодавачот дава отказ – еден месец, а два месеци при престанок на работниот однос на поголем број работници (ЗРО чл. 88).

Мора ли договорот за вработување да биде писмен?

Да. Се склучува во писмена форма (ЗРО чл. 15), примерок му се врачува на работникот на денот на потпишувањето, а работникот се пријавува во АВРСМ (М1) пред првиот работен ден.

Колкав е минималниот годишен одмор?

Најмалку 20 работни дена (ЗРО чл. 137), а со колективен договор или договор за вработување може да се продолжи до 26 работни дена.

Што ако одредба од договорот е понеповолна од законот?

Таквата одредба не важи – наместо неа непосредно се применува ЗРО, односно колективниот договор.

Merot HRS

Пресметајте ја целата фирма, не само еден случај.

Отсуства, боледувања, регрес, минат труд и додатоци влегуваат во истата платна листа, со МПИН за УЈП и платни листови по е-пошта. Пробен период од 30 дена.

Започнете пробен периодПовеќе за Merot HRS