Соопштение за јавноста

Вивакс го избра Merot за три системи: HRS, CRM и комплетен ERP за производство

Производителот на соковите Viva ќе ги води луѓето, продажбата и производството на софтвер од Merot, хостиран во Скопје.

СподелиLinkedInFacebookЕ-пошта

Вивакс ДОО Скопје, производителот на соковите и напитоците Viva, и Merot склучија договор за развој, воведување и одржување на повеќе деловни системи. Со договорот, Merot ќе ѝ помогне на компанијата да ги дигитализира трите области што го носат секојдневното работење: луѓето, продажбата и производството.

Три системи, една слика за компанијата

  • Merot HRS за кадровско работење: досиеја на вработените, распореди во смени, евиденција на работно време, отсуства, пресметка на плати и МПИН, документи со дигитален потпис и мобилна апликација за секој вработен.
  • Merot CRM за продажниот тим: купувачи и нивни продажни места, контакти, продажни можности по канал, понуди, посети, рекламации и извештаи по комерцијалист.
  • Комплетен ERP за производство: од работен налог до готов производ, со планирање, рецептури и материјали, магацин и требувања, скенирање на подот со рачни терминали, прием на готови производи и следливост по лот.

Над трите системи стои контролна табла за управата, со вграден аналитичар со вештачка интелигенција. Таа ги собира податоците за производство, продажба, залихи, квалитет, финансии и луѓе на едно место, предупредува кога нешто отстапува и одговара на прашања поставени со обични зборови.

Viva е бренд што го има во секое македонско домаќинство. За нас е голема одговорност што Вивакс ни ги довери луѓето, продажбата и производството во еден проект, и токму затоа го градиме според тоа како компанијата навистина работи.
Меритон Чутра, главен извршен директор на Merot

Воведување во фази

Системите се воведуваат еден по еден. Прв е Merot HRS, со паралелна пресметка на плата пред да се премине целосно на новиот систем, потоа CRM за продажниот тим, а по нив системите за управата и производството. Сите системи се хостирани во податочен центар во Скопје, а податоците на компанијата остануваат во Северна Македонија.

За Вивакс

Вивакс ДОО Скопје е производител на соковите и напитоците Viva, со седиште и производство во Скопје.

За Merot

Merot ДООЕЛ Скопје е софтверска компанија основана во 2021 година. Развива сопствени производи за плати, HR и сметководство (Merot HRS, Merot ERP, Merot е-Фактура) и софтвер по мерка за компании во Македонија и регионот.

Merot

Контакт за медиуми

За прашања од новинари, изјави и материјали за објава:

Повеќе од Newsroom

← Сите соопштенија