ESI и Merot во партнерство: луѓе, HR услуги и платформа на едно место
Merot ја развива новата платформа на ESI, а двете компании заедно им нудат на работодавачите комплетно HR решение со Merot HRS.
СКОПЈЕ, 20 август 2026 — ESI (Employment Services International), агенција за привремено вработување и HR услуги, и софтверската компанија Merot објавија партнерство што ги спојува HR експертизата на ESI и технологијата на Merot. Партнерството има два дела: нова платформа за работењето на самата ESI и заедничка понуда за компаниите во Македонија.
Нова платформа за ESI
Merot развива, хостира и одржува наменска платформа за групацијата ESI, градена според нејзините деловни процеси. Платформата ги опфаќа пресметката на плати и финансиското работење, договорите, вработувањата и поддршката за комитентите, со вградени функции со вештачка интелигенција и поврзување со веб-страницата на ESI за пријави за работа.
Едно решение за работодавачите
Кон компаниите, ESI и Merot настапуваат со заедничко решение: ESI ги обезбедува луѓето и HR услугите, а Merot HRS ги дигитализира процесите.
- ESI: регрутација и селекција, executive search, staff leasing и привремено вработување, payroll и HR администрација.
- Merot HRS: досиеја на вработените, отсуства и работно време, self-service за вработените, плати и МПИН, документи и извештаи.
- Заедно: еден партнер за сите HR потреби, од пронаоѓање на кадар до дигитално водење на вработените.
ESI ги познава луѓето и пазарот на труд, а ние градиме софтвер. Заедно, една компанија добива и тим што ќе ѝ ги најде и администрира вработените, и платформа на која сето тоа се води.
Компаниите што сакаат да дознаат повеќе можат да побараат понуда на страницата на партнерството; барањето го добиваат и ESI и Merot.
